Судскиот совет денеска го добил предметот за обивнетиот за Менсур Пајазити кој на пешачки во Тетово смртно ја прегази 22 годишната Теодора Ристовска и доби 2 години затвор. Претседателот на Судски Александар Камбовски за Телма објасни дека формирал работна група со три члена кои ке го разгледаат предметот- од првиот ден кога обвинението влегло во судот по се до понеделникот кога по вторпат почна и заврши во тетовскиот суд. Камбовски вели дека предметот го побарале уште во понеделникот, но и дека не сакаат да влијаат врз постапката која не е правосилна.
„Работната група ќе го разгледа предметот во најскоро време ќе подготви информација и ќе биде известена и јавноста“ изјави Александар Камбовски, претседател на Судски совет.
Во меѓувреме тече 15 дневниот рок во кој Судијата Ељведин Ферати треба да ја напише пресудата. Обвинителство го чека образложението на пресудата, но сметаат дека има основа за жалба имајки ја предвид висината на казна.
Пресудата од три ипол години која првично ја досудила судијката Верка Костовска во тетовскиот суд, гостиварска апелација ја намалила на 2 години. Врховен пак ги укинал двете пресуди поради суштествени повреди а повторениот процес води Ферати затоа што Костовска се пензионира. Семејството на Ристовска разочарано бара максимална казна а тоа е 5 години. Од обвинителство дека сите докази упатувале оваа законска одредба затоа што сообраќајната несреќа со смртни последици се случила од небрежност, а не со евентуална умисла.
„Апелацискиот суд, кој исто така постапувал во предметот, ја намалил санкцијата, но во ниту еден момент не ја оспорил правната квалификација. Во крајна линија, и Врховниот суд во својата одлука ги укинал претходните пресуди заради повреди во судската постапка, а не заради правната квалификација“ стои во соопштението на Обвинителство.
Во понеделникот по две одлагања судењето за Пајазити почна и заврши во еден ден. Обвинителот го прочита обвнението обвинетиот призна вина беа изведени докази, а откако сите дадоа завршен збор без пауза, веднаш судијата ја прочита пресудата.
Елена Ивановска Мукоска