Вести Македонија Топ вести

Судењето на Мерко за набавката на службеното Ауди А6 влегува во завршница – одбраната очекува пресуда во јуни

Со сослушување на тројца сведоци, во Основниот суд во Струга денеска заврши рочиштето во кое на градоначалникот Рамиз Мерко му се суди за незаконска набавка на луксузното службено Ауди А6 од 67.000 евра. Двајца сведоци на одбраната, претседателот и заменик претседателот на Комисијата за јавни набавки која во 2019 го спроведе тендерот за купување на четири возила за потребите на Општина Струга, пред судот изјавија дека набавката е спроведена по Одлука на општинскиот Совет, откако се утврдило дека возниот парк е стар и нефункционален, но според нив се е спроведено законски.

Сведочеше и поранешен ревизор од Државниот завод за ревизија (ДЗР), а сега пензионерка, Лилјана Стојановска која кажа дека треба да се има предвид делот од извештајот каде се наведува дека се знае кои надлежности не треба да се вршат за време на блокирана сметка на општината, кога судот определува минимум средства за нејзино функционирање. Но, претседателот на Основниот суд во Струга во ноември во 2017 година, го променил решението и го зголемил месечниот лимит од над 50 милини денари, со што се надминал вкупниот годишен буџет на Општина Струга.

Одбраната, пак, смета дека не постои ниту еден доказ кој упатува на неправилност при набавката на автомобилот Ауди. Судијатa Јордан Јованов кажа дека веќе се изведени сите докази, по што на следното рочиште во јуни ќе има завршни зборови и се очекува пресуда за случајот.

Во моментов во тек е главниот претрес за предметот во кој Мерко е обвинет за поттикнување етничка омраза и раздор кај граѓаните, затоа што лани во март постави спомен плоча на  општинската зграда испишана на албански јазик со која се велича фашистичката окупација на Струга.

И за утре се закажани три судења за предметите за незаконско поставување на директори во струшките училишта. Против Рамиз Мерко се поднесени вкупно девет обвиненија, за кои има активни судски постапки, а во секоја му се заканува затворска казна, но до денес нема ниту една пресуда. Тој е на црната листа на САД од 2023 година поради вмешаност во корупција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе