Пијам кафе со сите и разговарам со сите, но никако не преговарам со ДУИ, а тоа не би требалo да го прави ни нашиот коалиционен партнер, Арбен Таравари.
Ова денеска го изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е лидер на Демократското движење, одговарајќи на новинарско прашање по неговата изјава дека е во комуникација со некои членови од партијата на Ахмети.
Тој додава дека „Влен“ понудила нова опција за албанскиот електорат и според него коалицијата треба да се задржи на истата патека.