Вести Македонија Топ вести

Грабнале жена, завршија во притвор – кривична пријава за три лица од Струмица

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Г.А. (37), Б.Ч. (23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување” од чл.144, ст.1 од КЗ.

„На 06.04.2025 во 14:40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А. (37), Б.Ч. (23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В. (59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото. На 07.04.2025 лицата се изведени пред судија на претходна постапка во судот во Кочани, при што на Р.Ѓ. ѝ е одреден домашен притвор, а на Г.А. и Б.Ч. притвор во траење од 30 дена“, соопшти министерството за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе