Вести Свет Топ вести

Рубио: САД нема да учествуваат во бесконечни преговори со Русија

Американскиот државен секретар Марко Рубио, предупреди дека САД нема да дозволат да бидат вовлечени во „бескрајни преговори” со рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот во Украина.

Рубио, зборувајќи на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО, истакна дека САД ќе имаат јасна слика за сериозноста на Русија во врска со мировниот договор во рок од неколку недели, а не месеци.

Тој додаде дека ситуацијата нема да трае вечно и дека САД нема да чекаат долго, а доколку Русија не покаже подготвеност за мир, ќе се зголемат санкциите. Рубио одби да открие конкретен рок кога Русија треба да потпише мировен договор, но ја нагласи решеноста на САД да го зголемат притисокот кон Москва.

Американскиот Конгрес веќе почнал да работи на нови санкции, а расте притисокот од Капитол Хил за нови мерки против Русија. Рубио, исто така, нагласи дека времето за одложување на преговорите истекува и дека на Русија ќе ѝ се даде одреден рок за да покаже сериозност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе