Вести Македонија

Инспекција ќе проверува дали има пропусти во случајот со осумгодишното девојче од Македонски Брод

Инспекциски надзор во Центарот за социјална работа во Македонски Брод ќе спроведе Министерството за социјална политика, за да се утврди дали има пропусти во постапката за 8-годишното девојче кое беше сексуално злоставувано од 64-годишен жител на овој град.

Од Министерството известуваат дека во петокот веднаш откако добиле известување од полицијата за случајот, Центрите од Скопје, Кичево и Македонски Брод излегле на увид кај семејство каде било згрижено малолетното девојче, по што интервентен стручен тим го презеде во добра здравствена состојба и веднаш е сместено во соодветна установа.

Во петокот битолската полиција соопшти дека 64-годишен жител на Македонски Брод е осомничен дека извршил кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години и одреден му е притвор. Тој двапати во неполн месец го злоупотребил девојчето. Еднаш на 7 март, а потоа и на 3 април, откако Центарот за социјална работа во Македонски Брод првиот пат не постапил по пријава на очевидец на настанот.

Битолската полиција и ОЈО работата на целосно расветлување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе