Вести Свет Топ вести

Илјадници Американци излегоа на протест во главните градови на американските држави

Илјадници Американци излегоа на протест во главните градови на американските држави, пред федералните згради, канцелариите на Конгресот. Од Бостон и  Лос Анџелес до Њујорк и Вашингтон.  Протестираа против политиките на претседателот Доналд Трамп и неговиот советник милијардерот Илон Маск.

Во Вашингтон демонстрантите го изразија своето несогласување со потезите на Трамп за отпуштање на илјадници федерални работници, против повредата на човековите права, против депортирањето на имигранти.

„Оваа ситуација во која се наоѓаме,претставува многу повеќе од гнев. Бара акција. Бидејќи нападите што ги гледаме, тие не се само политички. Тие се лични, сите. Тие сакаат да ни ги забранат книгите, да го намалат финансирањето за превенција на ХИВ, ги криминализираат нашите лекари, нашите наставници, нашите семејства и нашите животи. Ова е Америка на Доналд Трамп и јас не ја сакам. Ние не ја сакаме оваа Америка. Ние ја сакаме Америка што ја заслужуваме, каде што достоинството, безбедноста и слободата не припаѓаат на некои од нас, туку на сите нас.’’ – вели Кели Робинсон, претседателка на кампањата за човекови права. 

 Под слоганот „Тргнете ги рацете“ Американците се спротивставија на чекорите на администрацијата на Трамп за која сметаат дека е во корист на богатите.

„Нивното движење е управувано од страв, обидувајќи се да не туркаат еден против друг. Тие би сакале нашите луѓе да веруваат дека причините поради кои не можеме да си дозволиме кирија, причината поради која можеме да си дозволиме здравствена заштита, причината што не можеме да си дозволиме намирници се поради другите луѓе во нашите заедници. Да, знаеме дека овој систем е наместен и дека статусот кво не функционира за Американците, но не е наместен против милијардерите, тој е наместен за милијардерите и за корпорациите“.вели претставникот Максвел Фрост,Флорида.

Додека се протестираше на улиците низ разни делови во Америка, поранешниот американски претседател Барак Обама, ги поддржа демонстрантите и ги повика да ги бранат загрозените идеали на нивната земја. Зборуваше пред студентите на колеџот за уметност Хамилтон во Њујорк.

„Од сите нас зависи дали ќе го поправиме ова. Нема да биде затоа што некој ќе дојде и ќе ве спаси. Најважната функција во оваа демократија е граѓанинот, обичниот човек кој вели, не, тоа не е во ред. вели Барак Обама, поранешен претседател на САД.

 Додека илјадници луѓе ги преплавија улиците низ градовите, на најголемите протести откако Трамп ја презеде функцијата, тој пристигна на Флорида на својот терен за голф за да присуствува на натпревар од клупското првенство за сениори. Носеше црвена МАГА капа и бела поло маица и читаше весник.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Навивачите на фудбалскиот клуб Сан Лоренцо со миса во спомен на Франциск

Дејан Дејан

Базиликата Свети Петар остана отворена и во текот на ноќта

Дејан Дејан

Тлото во Истанбул не престанува да се тресе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе