Јеменските сили се судрија со американски воени бродови во Црвеното Море, а американските сили извршија нови воздушни напади на западот на Јемен, објавија денеска иранските медиуми.
Јеменските вооружени сили рано утринава соопштија дека јеменските ракетни, воздухопловни и поморски сили се судриле со неколку американски воени бродови во северниот дел на Црвеното Море, вклучително и носачот на авиони „Хари С. Труман““, кој лансираше неколку крстаречки ракети и беспилотни летала.
Во изјавата, која ја пренесе јеменската телевизија Ал Масира, се наведува дека неколкучасовната операција на јеменските вооружени сили ги „спречила Соединетите Американски Држави да ја прошират својата агресија врз Јемен“.
Нагласено е дека е потврдена непоколебливата поддршка на јеменската влада и нацијата на угнетениот палестински народ, истакнувајќи дека вооружените сили на Јемен ќе продолжат да спроведуваат одмазднички операции против Израел додека „не престанат агресијата и опсадата на окупираната палестинска енклава Појасот Газа“