Вести Свет

Осумнаесет загинати во рускиот напад врз Криви Рих

Осумнаесет лица, меѓу кои девет деца, загинаа во вчерашниот руски ракетен напад врз централниот украински град Криви Рих, родниот град на претседателот Володимир Зеленски, соопштија утрово украинските власти.

Ракетниот напад, еден од најсмртоносните во последните недели, се случи во станбена зона на овој индустриски град, во близина на детско игралиште.

-Бројот на загинатите од Русите со лансирање проектил кон Криви Рих е 18. Меѓу нив имало девет деца, изјави Сергеј Лисак, шеф на управата на регионот Днепропетровск, по завршувањето на интервенцијата.

Зеленски вчера изјави дека рускиот ракетен напад покажува дека Русија не сака прекин на огнот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа од народот и за народот – верниците во тага по смртта на Франциск чиј погреб ќе биде во сабота

Дејан Дејан

Велигден помина, дел од вработените во јавниот сектор и натаму без плата за март, не се знае ниту кога ќе ја добијат

Дејан Дејан

Синдикатот на култура на протести пред Министерството откако останаа без плати за Велигден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе