Вести Македонија

Директорот на „Булмак“ во Топ Тема изјави дека ќе бидат потранспарентни и ќе објавуваат податоци за направените анализи

Водата во Крива Река загадена, загадувач – нема!? Кој ги контролира еко- инцидентите од работењето на Тораница – инспекторатот или менаџментот? Затаи ли Инспекторатот за животна средина?

Во Топ Тема вечерва дебата со: Каја Шукова, поранешна министерка за животна средина, Ивана Дракулевска – Зелен Хуман Град и Тони Тоневски – директор на “Булмак 2016”.

Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова образложи дека анализите на лабораторијата „Технолаб“  покажуваат дека Крива Река била загадена за 14 пати од дозволеното што ја става во петта категорија односно на неупотреблива вода.

Ивана Дракулевска од граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град потенцираше дека нема доволно транспарентност од Државниот инспекторат кој ја има и блокирано иницијативата на социјалната мрежа „Фејсбук“. Директорот Тоневски објасни дека настанал технички проблем и дека информациите од инпескторските увиди и неделните анализи кои по закон фирмата „Булмак“ е обврзана да ги прави,  ќе се потруди да ги објави наредната недела на нивната веб-страната.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе