Вести Македонија Топ вести

Напладне протест на синдикалците поради несогласувањата со Владата за минималецот

Денеска точно на пладне во 12 часот и пет минути Сојузот на синдикатите на Македонија ќе започне протест на кој ќе излезе членството за да го изрази своето незадоволство од ниските плати но и поради односот на Владата во пристапување на решавање на проблемот околу зголемување на минималецот, барајќи 500 евра минимална плата.

Протестот предвидено е да почне пред Работничкиот дом по што присутните ќе се упатат пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вчера рече дека владините политики се во погрешна насока и на штета на работниците.

Опозициската СДСМ ги поддржа барањата за зголемување на минималната плата, истакнувајќи дека потрошувачката кошница е значително зголемена, а две минимални плати не се доволни за покривање на основните трошоци. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, продолжија со критики кон ССМ, обвинувајќи ги синдикалните лидери дека тие не се грижат за работниците туку за своите високи примања, и ја оспоруваат потребата за зголемување на минималната плата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Либералите и Карни го комплетираа „камбекот“ со историска победа на изборите во Канада 

Дејан Дејан

МВР го зголеми надоместокот за престој на странци од три на 100 евра

Дејан Дејан

(видео)Таксистот Џелили опишува како му го дигнале автомобилот со пајак заедно со него на кровот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе