Вести Македонија Топ вести

Шкендија изрази жалење и осуда за однесувањето на „група индивидуалци“ во минутата молк пред мечот со Брера

Шкендија се огласи по непримерното однесување на навивачката група „Балисти“ чии членови, минутата молк пред денешниот натпревар со Брера во рамки на 25-то коло во Првата МФЛ, го искористија за пеење и по некој свиреж. Од управата на тетовскиот клуб изразуваат жалење и осуда за настанот.

„Шкендија ги почитува сите институционални одлуки во овие сензитивни моменти за општеството. Како клуб, ситуацијата во Кочани нè шокираше исто како цела држава и емотивно влијаеше на нашите животи. Чувството беше присутно на сите тренинзи овие денови, а се преслика и на мечот со Брера и покрај победата од 2:1, тимот не почувствува сатисфакција. Во овој контекст, Шкендија го испочитува барањето на минута молк од ФФМ во чест на жртвите. Сепак, група индивидуалци на трибините реши да не го испочитува тоа. „Балистите“ кои обично се зад голот, овојпат беа на централната трибина. Вкупно имаше меѓу три и четири илјади навивачи на стадионот, а група од 20 индивидуалци покажа нeодговорно однесување не беше во склад со остатокот од навивачите.  „Балистите“ се наш дванаесетти играч и секогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но такво неодговорно однесување од група индивидуалци не го пресликува духот на групата. Шкендија изразува длабоко жалење за ситуацијата, а исто така сака да искаже и почит за сите кои ги загубија животите во трагедијата“, стои во соопштението на Шкендија. 

(Видео) Песна и по некој свиреж наместо минута молк за жртвите во Кочани – непримерно однесување на „Балистите“ пред мечот Шкендија – Брера во Тетово, ФФМ отвори дисциплинска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе