Украина си постави цел – да распореди 15.000 роботи на фронтот до крајот на оваа година. Тоа се наведува во материјалот на Европскиот парламент, повикувајчи се на директорот на одделението за набавки при министерството за одбрана, Глеб Каневски.
Се нагласува дека, за разлика од претходните години, договарањето е во тек.
Агенцијата за одбранбени набавки на Европскиот парламент известидека министерството за одбрана во втората половина на 2024 година, потпиша шест договори за набавка на роботи, а за првиотѕ квартал во 2025 година – 31 договор.
„Минатата година поставивме стотици роботи на првата линија на фронтот. Оваа година планираме да поставиме илјадници“, рече Максим Василченко, директор на „Тенкоре“.