Вести Македонија Топ вести

Пред истек на рокот, Советот на јавни обвинители ќе заседава за Коцевски

Советот на јавните обвинители в среда по трет пат ќе се обиде да ја одржи седницата посветена на владиниот предлог за разрешување на државниот обвинител Коцевски. Советот е надлежен да даде мислење, а законскиот рок да го сторат тоа истекува следната недела. Првиот пат седницата се одложи поради деновите на жалост за трагедијата во Кочани, вториот пат затоа што немаа кворум. Но, немаа ниту официјално известување дека владата ќе ја запре постапката за разрешување како што најави ден претходно премиерот.

Од Владата рекоа и дека ќе ја сопрат постапката дури и доколку добијат мислење од Советот на јавни обвинители, очекувајќи дека Советот ќе постапува согласно роковите.

Мицкоски вчера рече дека нивното повлекување од постапката за разрешување не е трајно, туку оставаат простор за да се даде јасен одговор и одговорност за трагедијата во Кочани и будно ќе ја следат работата.

Ова не е изненадување за дел од правниците. Очекуваат Владата да продолжи со постапката по завршување на истрагата за Кочани.

Чувањето во фиока на барањето за разрешување е уцена и држење на обвинителот на краток ремен, коментираа неделава дел од аналитичарите и експертите.

Владиниот предлогот за разрешување на Коцевски кој Телма го доби по слободен пристап до информации од јавен карактер е на три страници со обвинувања кои јавноста веќе можеше да ги слушне изминатиот период, но без детали.

Сериозни проблеми со функционалноста, неефикасност во кривичното гонење и нарушени меѓучовечки односи се наведени како дел од забелешките во обреазложението. Како потврда за ваквите констатации, владата се повикува на стручна и општа јавност и други релевантни меѓународни показатели, меѓу кои Индексот на перцепција за корупцијата на „Трансапаренси“.

Како крупна професионална грешка му се впишува задолжително упатство од 31 јули лани, а кое според Владата е пречекорување на неговите надлежности. На товар му се става дека го нарушил угеледот на обвинителството, но и дека неовластено изнесувал податоци за предмети во јавноста, со што ја нарушил тајноста на постапките. Конкретно за кои предмети станува збор, во предлогот не пишува. Како писмено се произнесол Коцевски, засега не е познато, но откако го прочита предлогот, ги отфрли сите наводи и рече дека во нема ниеден основ за утврдување на тешка дисциплинска повреда.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе