Вести Македонија Топ вести

Запалиле огномет во денови на жалост – приведени двајца 18-годишници во Скопје

Полицијата синоќа привела двајца 18-годишници од Скопје кои запалиле огномет на роденденска прослава организирана во угостителски објект во Градскиот парк, со што не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани.

„На 19 март 2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот“, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл. 387 од КЗ и најавуваат дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тему и Шеин најавуваат поскапувања поради царините на Трамп

Дејан Дејан

Aкутна неухранетост- седмата недела блокадата за помош во Газа

Дејан Дејан

Путин го спореди Маск со таткото на советската вселенска програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе