Вести Македонија Топ вести

Лекарска комора со реакција по политичките посети на повредените во Кочани: Здравјето да е врвен приоритет, да се почитуваат протоколите

Здравјето на повредените во пожарот во Кочани да е врвен приоритет, апелираат попладнево од Лекарската комора на Република Северна Македонија, преку соопштение до јавноста.

-Лекарската комора ја поздравува навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани. Овој начин на организација е клучeн зa пациентите да добијат вистинска шанса, со соодветна и високо стручна медицинска помош, да ја надминат тешката здравствена состојба во која се наоѓаат. Поддршката што ја добиваме од другите држави, како со згрижување на пациентите, така и со лекарска експертиза, заедно со посветената работа на нашите доктори, е, најважна во овие моменти за да се спречи да расте бројката на трагично загинати, наведуваат во соопштението.

Лекарската комора апелира и да се почитуваат медицинските протоколи за лекување и заштита на ваков тип пациенти, кои предвидуваат изолација и забрана за посети.

-Мора да се има предвид дека овие болни имаат мултисистемско засегање на организмот и зголемен ризик од инфекции. Секој дополнителен контакт со надворешни лица, директно и сериозно, може да го загрози нивното здравје. Присуството на цивилни лица кај овие болни, исто така, може да предизвика и непотребен стрес и вознемиреност, како и да го попречи работењето на медицинскиот персонал, истакнуваат од Комората.

Оттаму ги повикуваат сите институции, политичари, медиуми, граѓани и здравствени работници, да ги почитуваат медицинските протоколи, а здравјето на повредените да го сметаат за највисок приоритет.

-Веруваме дека со таков однос, ќе се постигне поголема доверба кај јавноста, отколку со непотребни директни посети на болните, потенцираат од Комората.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десет дискотеки и кабареа во моментов смеат да работат во Македонија  

Дејан Дејан

Културните вредности можат да бидат и туристички вредности

Дејан Дејан

Нема гаранции дека уставните измени би биле последно барање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе