Вести Македонија Топ вести

Се зголемува вниманието за ревизорските извештаи

DZR konferencija, revizija

Соработката со државните институции се подобрува во изминатите неколку години, оцени главниот ревизор Максим Ацевски.

Според него, извештаите на Државниот завод за ревизија во последните години наидуваат на поголемо внимание – и од Собранието, и од Владата, но и од Обвинителството.

Не може да очекуваме дека преку ноќ ќе се подобрат состојбите, меѓутоа сепак имаме еволуција, имаме еден позитивен тренд во којшто имаме разбирање за постапувањата и по дадените препораки, но и она што значи постапување на надлежните органи. Имајте предвид дека 50 отсто од новоназначените министри побараа средби со главниот државен ревизор на коишто побараа совет за начинот на постапување во наредниот период за да не се прават одредени состојби коишто се правеле во претходниот период, вели Ацевски.

Државниот завод за ревизија одбележува 25 години од постоењето, а на конференцијата што ја организира присуствуваат главните ревизори од земјите од соседството, но и од други европски земји.

Ревизорите од регионот главно велат дека имаат добра соработка со државните институции, но институциите различно реагираат на нивните препораки.

Но, кога станува збор за процесирање на случаите од Обвинителството до Судот, не сме толку задоволни. Случаите кои ги испраќаме не се процесуираат доволно брзо. Само мал број на случаи се доставени од Обвинителството до Судот за понатамошно постапување. Во таа насока, се обидуваме да утврдиме во што е проблемот за да најдеме решение и да се осигураме дека само случаите во кои има потенцијални елементи на измама и корупција да се достават до Обвинителството и да му помогнеме на Обвинителот подобро да ги разбере наодите од нашите ревизорски извештаи, вели Влора Спанца, главната ревизорка во Косово.

„Сите негативни извештаи ги доставуваме до Обвинителството за оценка и мислење. Што се однесува до соработката со Парламентот, морам за жал да кажам дека соработката не е на она ниво на коешто треба, што е наведено и во последните извештаи на Европската комисија, каде што констатираат дека Парламентот не ја следи работата на Државната ревизорска институција во онаа мера во којашто би требало, особено во делот за реализација на препораките“, вели Никола Н. Ковачевиќ, претседател на Сенатот на Државната ревизорска институција во Црна Гора.

Нашето име е Ревизорски суд на Република Словенија, значи Суд. Понекогаш луѓето мислат дека ние предлагаме да се обвини некој што направил нешто погрешно. Тоа не е вистина. Ние нашите наоди ги испраќаме до соодветните институции, како до Јавното обвинителство, така и до Полицијата и до другите инспекциски служби кои се надлежни за некоја ситуација. Тие тогаш сите наши наоди исто така ги проверуваат. Ако им треба уште нешто, ќе не замолат за некои дополнителни докази или слично, така што соработката е супер“, вели Јана Ахчин, претседателка на Ревизорскиот суд на Словенија.

Во организација на Државниот завод за ревизија, ревизорите од земјите од регионот и од други европски земји разменуваат искуства за тоа како да се подобри комуникацијата меѓу ревизорите и јавноста, односно како сувопарните ревизорски извештаи да станат поразбирливи и за пошироката јавност.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ примен во болница oткако му се слошило за време на посетата на САД

Дејан Дејан

Светски ден на медиумите – Новинарите се чувари на демократијата

Дејан Дејан

Почеток на работата на автопатската делница Тетово-Гостивар долга 17,5 километри

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе