Вести Македонија

(Фотогалерија) Изгоре домот на семејството Коцевски во скопско Волково, кое бара помош од хумани граѓани и институциите

На 23 октомври оваа година во 01:30 часот целосно изгоре домот на петчленото семејство Коцевски од Волково, Општина Ѓорче Петров. Дел од ова семејство е и 90-годишниот дедо Лабуд.

Пожарот кој почнал од покривот на куќата, според исказите на семејството Коцевски, го забележала ќерката Ема, но немало време да се реагира, имајќи ја предвид силата на огнената стихија.

Се апелира до сите хумани компании, институции и поединци да помогнат преку донации на градежни материјали или со финансиска помош да создадат услови за семејството да не ја дочека зимата во услови во кои сега се наоѓаат.

Жиро сметка за донација – 210500000373305 НЛБ Банка – Стојан Коцевски.

Број за контакт 070 / 227 – 394 – Лидија Коцевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе