Вести Македонија

Приведени две лица од Никуштак поради недозволено поседување на оружје и дрога

Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со Специјалната антитерористичка единица Тигар и СВР Куманово, спроведе акција во општина Липково, а про претрес во неколку домови извршен со судска наредба, полицијата откри два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, автоматски пишол „Шкорпион“, пакување со марихуана, како и патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки.

Приведени се две лица Н.А. (34) и А.М. (37), двајцата од село Никуштак.

По приведувањето, лицата се задржани во полициска станица, а против нив е поднесена кривична пријава која се однесува на недозволено поседување на оружје и опасни материи.

Судот одреди мерка притвор за А.М., додека Н.А. доби мерка претпазливост.

Оваа акција е дел од пошироките напори на полицијата за борба против недозволената трговија со дрога и оружје, што претставува сериозен проблем во регионот.

Случаите на недозволено поседување оружје и дрога во последно време се зголемија, што наметнува потреба од ефикасна интервенција на надлежните органи.

Полицијата продолжува со операциите за идентификување и запленување на незаконски материи и оружје, со цел да се обезбеди поголема безбедност во општеството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши: Папа Франциск ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог

Дејан Дејан

АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Дејан Дејан

На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе