Вести Македонија Топ вести

Граѓаните се чувствуваат безбедни во автобусите на ЈСП по инцидентот кај Мавровка, но само кога ќе дочекаат автобус за возење

Обвинителството ја истражува сообраќајката која се случи на 8 јули кога автобус на ЈСП удри во бетонска жардиниера кај Мавровка.

Минатиот понеделник возачот на двокатниот автобус изгубил контрола врз возилото, отишол лево и удрил во бетонска жардинериа.

Од обвинителството денес соопштија дека ќе се извршат разговори со лица кои биле сведоци на настанот и ќе се испитува исправноста и одржувањето на автобусот.

За таа цел ќе биде ангажирано и вешто лице пред кое ќе се врши проверка на исправноста на автобусот со кој се случи сообраќајната незгода.

„Ангажирано е вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес“, велат од Јавно Обвинителство.

При сообраќајката со телесни повреди се здоби возачот и двајца патници.

По настанот возачот на автобусот, Февзи Арифи низ солзи раскажа дека се возат неисправни автобуси, а директорот на ЈСП кој е само две недели на функција имаше  спротивставен став. Тврдеше дека сите возила кои сообраќаат се исправни.

Периодов градскиот превоз се соочува со низа проблеми. Додека се решат проблемите, граѓаните чекаат долго на автобуските постојки.

„Безбедно можеби се чувствувам, но автобуси нема, еве чекам половина час“ вели жител

„Не чувствувам страв после сообраќајката кај Мавровка, тоа е случајност. Добри се и останатите услови има клима и хигиена, само ние луѓето сме виновни фрламе ѓубре“, вели жител.

„Тешко дека се чувствувам безбедно. Во државните можеби има клима, но во приватните нема. Освен тоа не ни доаѓаат така како што ги пишува на распоредот“ вели жителка

Освен градскиот превоз продолжува и хаосот со приватните превозници кои секој ден возат само неколку часа, а потоа ги паркираат автобусите бидејќи бараат ЈСП да им го исплати долгот. Од ЈСП пак велат дека не должат пари.

Тамара Марковска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Горан е тука“ – одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Дејан Дејан

СДСМ: Притисок со инспекции

Дејан Дејан

Асфалт со дупки, фекалии на улица, септички јами во дворовите – живот меѓу две општини и борба за основни услови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе