Вести Свет Топ вести

Еден убиен, 22 повредени – израелски напад врз хуманитарен центар во Рафа

Агенцијата на Обединетите Нации (ОН) за палестински бегалци соопшти дека еден член на персоналот бил убиен, а 22-ца се повредени откако израелските сили нападнале центар за дистрибуција на храна во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Шефот на УНРВА, Филип Лазарини рече дека нападите врз нејзините објекти „станале секојдневие со бесрамно непочитување на меѓународното хуманитарно право“.

Израелската војска соопшти дека мета на нападот бил Мохамед Абу Хасна, командант на Хамас, и се тврди дека бил „оперативец за борбена поддршка“ на военото крило на палестинската милитантна организација во областа.

Генералниот секретар на ОН уште еднаш предупреди дека реализацијата на заканите за израелски напад врз градот би можела „да го фрли народот на Газа во уште подлабок круг на пеколот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Мрзливите градоначалници ќе се отповикуваат на референдум

Дејан Дејан

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе