Вести Македонија

Некогашниот хотел „Битола“ целосно уништен, државата го продава, но нема кој да го купи

На само еден километар од центарот на Битола, помеѓу станбените комплекси и реонскиот пазар во новиот дел од градот, пред очите на битолчани и надлежните институции, се распаѓа некогаш атрактивниот хотел Битола, во чии рамки функционираше и пензионерски дом. Некогаш репрезентативниот објект со 300 соби за стари лица, но и хотел од отворен карактер, со голем ресторан, банкетна и конференциска сала е само еден  од многуте  кои сведочат за негрижата  за  државниот имот.  Сликата е страотна, зградата чиј сопственик е Фондот за ПИОМ е необезбедена и собиралиште на сомнителни лица, украдено е се што може да се однесе, инвентарот е искршен, а внатрешноста наликува на депонија. Околните жители стравуваат за нивната безбедност,  но велта дека местото веќе е извор на зараза

-На почетокот имаше лица кои што доаѓаа со приколки со коли, крадеа од задните страни. Очигледно се што е со било каква вредност е изнесено однатре и се оди на тотално демолирање на се што е внатре, изјави жител од соседството. 

Хотелот со пензионерскиот дом се изградени со средства на пензионерите пред околу половина век.  Затворен е во март лани, а  ПИОМ неколку пати од 2016 го огласува на продажба,  но не се пријави купувач. Битолчани велат во недостиг на старски домови и долги листи на чекање, жално е објектот да се испусти и да не биде ставен во функција.

-Испустен е целиот, требаат домови за стари луѓе, а кај нас нема. Врски да фатиш за старите да одат во дом.

 

-Ужасно е вака, луѓето патат  за дом а ова е се празно, зошто да е така, велат битолчани.

Здружението на пензионери од Битола од минатото лето бара од надлежните институции да им се даде на располагање, со цел да го обноват и адаптираат за престој на стари лица, но не добиле одговор. Одговор нема ниту од ПИОМ и Министерството за труд и социјала  на прашањата на Телма какви се намерите со објектот и што ќе се преземе да се запре неговото уништување.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова: Имаме должност да го чуваме, развиваме и промовираме македонскиот јазик

Дејан Дејан

(Видео) Доекипирање на Инспекторатот, примена на законот – 80 години од кодификација на македонскиот јазик

Дејан Дејан

(Фото) Трамп објави своја фотографија како Папа, американски бискуп бара извинување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе