Вести Економија Топ вести

УЈП го одложија генералниот штрајк – денеска ќе назначат нов медијатор откако првиот се изземал

Вработените во УЈП го одложуваат денешниот генерален штрајк за кој се подготвуваат веќе две недели, откако назначениот медијатор Лазар Јовевски кој требаше да преговара со министерството за финансии побарал да се изземе, затоа што бил во странство и не можел да се врати за три дена, односно во рокот во кој требал да постапи. За денеска од УЈП најавија дека ќе назначат нов медијатор. Вицепремиерто Битиќи смета дека барањата на УЈП за повисока плата не се целосно во согласност со законите и најавува дека општиот Колективен договор со новата методологија, кој ќе се презентира во четврток на Економско социјалниот совет е дел од решението. Од Синдикатот на УЈП цврство на ставот, бараме тоа што ни следува согласно постоечкиот Колективен договор кој е на сила. Во меѓувреме, останува протестот секој ден од 10 до 12 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолчани по третпат на улица против изградба на регионален Центар за отпад во близина на РЕК

Дејан Дејан

Се продава „Соравиа“ со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, за над 22,4 милиони евра – извршител го распишал огласот по деновите на жалост за Кочани

Дејан Дејан

Трендафилов: Мојата плата во ССМ е 60.000 денари, за 60.000 денари ја ставам главата во торба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе