Заклучена врата. Револт од граѓаните и порака од градоначалникот до администрацијата – одете си дома не е безбедно. Одлуката паднала откако во вторникот 69- годишен соселанец упаднал во општинската зграда и се заканувал дека ќе ги ликвидиа вработените, но и првиот човек на општината. Не бил задоволен од предметот за користење земјоделско земјиште. Иако заканувачот е приведен од полицијата, Ибраими донел одлука да стави клуч на општинската зградата.
Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но ваквата мерка главно е преземена поради безбедноста на вработените во општинската администрација, но и на граѓаните кои се обраќаат до Општината. Таквата одлука е против нашата волја и желба, но е неизбежна. Следното решение за работењето на локалната самоуправа граѓаните ќе бидат навремено информирани, рече Ибраими на денешната прес конференција.
Дека не е безбедно да се работи во општина Арачиново потврди и министерот за внатрешн иработи Оливер Спасовски, според кого заканите во општината пристигаат од група и поединци за кои полицијата смета дека се со политичко-партиски цели. И на властите и на жителите им порача да ги надминат препукувањата за да не трпат жителите на општината.
Ова е втор инцидент откако во септември минатата година три члена група физички го нападна и ученуваше градоначалникот Ибраими да именува директори на училишта и претпријатија по нивна волја. Тогаш, Ибраими обвини дека постојано се соочува со притисоци од блиски членови на фимилијата на поранешниот градоначланик Брахим Ајвази.
Павле Беловски