Вести Македонија Топ вести

Пендаровски за уставните измени: Со сила нема муабет

Претседателот на државата нема да ги повика партиските лидери на разговор за уставните измени. За такво нешто, вели, мора да има согласност од сите учесници, а засега разликите во ставовите се големи.

Пендаровски нема ништо против ни бришењето на процентот 20 отсто за Албанците, но постојано изјавува дека не е оптимист за договор меѓу партиите околу промените на уставот.

Премиерот, пак, не сакаше да ги коментира „чувствата на претседателот“. Најави дека набрзо ќе бидат објавени имињата на експертите што ќе работат на измените, но не кажа колкав хонорар ќе добијат за работата. Немаше прецизен одговор ни за барањето на македонците мислимани да влезат во уставот.

Опозицискиот лидер, пак, повеќе не сака ниту да одговара на прашањето за уставни измени велејќи дека,тие нема да се случат во овој парламентарен состав и тоа е затворена тема за него.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци

Дејан Дејан

Лишен од слобода маж од кичевско кој со секира ги нападнал родителите при што таткото починал

Дејан Дејан

Автобус во Шри Ланка излета од карпа – 21 лице загина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе