Вести Економија Топ вести

Првпат во историјата се прави буџет без консултации – Фискалниот совет со забелешка Владата го усвоила без нивно мислење

Првпат во историјата се прави буџет без консултации со буџетските корисници за да се утврдат приоритетите.  Економскиот раст  е проектиран врз база на лесен оптимизам, а реалноста е сосема друга. Почна расправата за новиот буџет за идната година. Опозицијата со силни критики за кроењето на државната каса. Велат од бројките може да се види дека нема да биде запазена дисциплината на трошење.

И од Фискалниот совет излегоа со забелешка дека Владата го усвоила овој буџет без нивно мислење. Другата забелешка на советот беше и тоа дека доколку се прифати нивниот совет во јавниот долг да се пресметуваат и доспеаните а неподмирени обврски тој би бил поголем од 62 отсто.

Пратеникот од  ВМРО ДПМНЕ Стојановски во одбрана на државната каса рече новиот буџет е со реални приходи и скратени расходи.

Министерката Кочоска пак која го образложи буџетот пред пратеници рече дека тој ќе обезбеди стабилност, раст, инвестиции.

Инаку, со предлог буџетот Владата идната година планира да  потроши над 6, 7 милијарди евра а да се собере 6 милијарди евра. Повеќе пари има за плати и пензии, помалку за социјални трансфери.  Проекциите се дека економскиот раст ќе биде  3, 8 отсто, дефицитот над 630 милиони евра, приближно колку што е предвидено за капитални проекти, каде има кратење.

Растот се предвидува да биде 3, 8 отсто инфлацијата 2, 5 проценти. Јавниот долг пак според фискалната политика ќе надмине 62 отсто од БДП.

Ирена Чачкова

Димитриеска-Кочоска: Со Предлог-буџетот за 2026 година обезбедуваме фискална консолидација, стабилност, раст и инвестиции како темели за подобар животен стандард

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Поддржувам анкетна расправа за Кочани, но ќе зборуваме и за сите останати големи трагедии што нѝ се случија

Дејан Дејан

Мицкоски: Политичари и партии се обидуваат да градат политичка кариера на случајот во Кочани

Дејан Дејан

Регулацијата на авторските права во Македонија неколку години тапка во место и покрај тоа што постои закон алармираат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе