Поради големиот интерес повторно ќе се издава граѓанска обврзница. Од министерството за финансии соопштија дека утре ќе се исплатени парите од претходната. На сметките на граѓаните легнат 17, 6 милиони евра и камата од 880 илјади евра. Втората граѓанска обврзница министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и камата од 5 отсто годишно.
Овој нов инструмент беше воведен пред две години за да се збогати понудата. Досега се издадени две во вкупен износ од над 41 милиони евра. Новата граѓанска обврзница се очекува да биде објавена до крајот на годинава. Минимумот за купување на една ваква обврзница е 10 илјади денари.
-Во Министерството за финансии се подготвува нова емисија на граѓанска обврзница која ќе биде наменета за граѓаните кои сакаат да инвестираат безбедно и дирекно, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска
