Вести Економија Македонија

Земјоделците бараат план Б по замрзнувањето на европските средства

По скандалот со мито на директорот на Платежната агенција Илија Стоилев, стопирана е исплатата на средствата од европската ИПАРД 3 програма, вредна речиси 90 милиони евра. Од Министерството за финансии информираат дека досега се исплатени само околу 8 милиони евра, а обработката на нови апликации и потпишувањето договори е привремено запрено. Неофицијално под прашање се околу 560 договори вредни 65 милиони евра.Од Руралната коалиција предупредуваат дека доколку блокадата потрае, последиците за земјоделците ќе бидат сериозни, бидејќи многумина веќе инвестирале очекувајќи европска поддршка. Од Министерството за земјоделство соопштија дека прекинот на исплатите е мерка за заштита на системот и доказ за подготвеност во борбата против корупцијата. Сепак, неизвесноста околу реализацијата на ИПАРД 3, која треба да трае до 2027 година, го става под ризик опстанокот на бројни земјоделски стопанства и компании од преработувачката индустрија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Мицкоски: Апсолутно не гледам потреба за зголемување на буџетот за правосудниот систем

Дејан Дејан

Граѓаните ќе плаќаат данок од 18 отсто на сите пратки од „Тему“ и „АлиЕкспрес“кои се над 22 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе