Просечната годишна плата за полно работно време на вработените во Европската Унија (ЕУ) изнесувала 39.800 евра за 2024 година, објави Евростат. Според статистичката канцеларија на ЕУ, тоа претставува зголемување за 5,2 отсто во однос на 2023 година, кога просечната годишна плата била 37.800 евра.
Поединечно гледано, највисока просечна годишна плата за полно работно време е забележана во Луксембург – 83.000 евра, потоа во Данска – 71.600 евра и во Ирска – 61.100 евра. Најниски просечни плати за полно работно време, пак, имаат Бугарија – 15.400 евра, Грција – 18.000 евра и Унгарија – 18.500 евра.
