Оризот во кочанско стои во амбарите на земјоделците, откупувачите драстично ги намалија откупните цени на оризовата арпа. Оризопроизводителите се разочарани. Велат цената на арпата е намалена и за 10 денари, споредбено со реколтата од 2024 година.
Кочанските оризопроизводители велат дождовите прават проблем, па не се гледа крајот ниту на жетвата. Досега се ожнеани 50% од нивите, а ќе се жнее до крајот на годината. Тогаш може да се види квалитетот на оризот.
Оризопроизводителите од кочанско најавуваат и протести доколку не се промени откупната цена на оризовата арпа и очекуваат по изборите да почне и откупот за стоковните резерви.
Викторија Јованова Димитровска
