Документарни

ЕКВАДОР – ДРЖАВА ВО ВОЈНА СО НАРКО-БАНДИ – петок, 26 септември 2025 – 20:30

Долги години сметан за оаза на мирот во Латинска Америка, денес Еквадор се соочува со невидена ескалација на насилство. Затворски бунтови, заложнички кризи во живо на телевизија и илјадници убиства – земјата сега е во „воена состојба“ против нарко-картелите.

Еквадор се наоѓа во срцето на меѓународната трговија со кокаин. За да се справи со стегата на картелите, 36-годишниот претседател Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба. Добивме исклучителна дозвола да ги следиме вонредните операции на полицијата и армијата. Денес целата држава е мобилизирана за да врати мир и ред. Но, дали тоа ќе биде доволно?

Во Гвајакил, економската престолнина и најголемо пристаниште на земјата, целиот град е под контрола на картелите. Меѓу контејнерите полни со банани, ја следевме армијата во нивните акции за откривање на кокаинот. Битката се води и во затворите, кои со години се под контрола на наркобандите. Нашите новинари успеаја да влезат во делот со максимална безбедност на затворот во Гвајакил. Од таму побегна Фито, водачот на „Чонерос“, најмоќната банда во земјата.

Во оваа сеопфатна војна против нарко-картелите, политичарите и судиите се на првата линија. Луис Чонило, градоначалникот на Гвајакил, преживеал девет атентати. Сега е постојано придружуван од дваесетина вооружени лица, а неговото семејство се засолнило во САД. И покрај тоа, тој одбива да ги остави жителите на својата општина на милост и немилост на корупцијата и бандите. Хејди Борха, млада судијка, исто така се соочува со закани и недостаток на ресурси. Во судот во Гвајакил таа храбро ја води својата борба против организираниот криминал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СЕЛИН ДИОН – ЅВЕЗДАТА Е РОДЕНА – сабота, 01 ноември 2025 – 17:10

Дејан Дејан

ЈУЖНО КИНЕСКО МОРЕ: СЛЕДНOТO ГЛОБАЛНO ЖАРИШТЕ – среда, 29 октомври 2025 – 16:15

Дејан Дејан

ХЕЛЕН МИРЕН: ДРСКАТА КРАЛСКА АКТЕРКА – сабота, 25 октомври 2025 – 17:10

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе