Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, најави за утре одговор на сите обвинувaња. Тој се огласи по повод наводите изнесени претходно на брифинг во АНБ, а потврдени вечерва од страна на премиерот, дека додека раководел со институцијата се вршело незаконско следење и прислушување.
Во кратка објава на социјалните мрежи, на денот на годишнината на АНБ, порача: „Денес е ден за славење, а од утре аргументиран одговор на наводите од брифингот во АНБ одржан деновиве…“
