Македонската машка одбојкарска репрезентација избори уште еден настап на Европските шампионати. По триумфот над Грузија нашите одбојкари по четврти пат во низа ќе бидат дел од елитата на Стариот континент.
Во последниот меч избраниците на селекторот Јошко Миленковски беа убедливи во соочувањето со Грузијците и славеа со 3:0 по сетови 25:13, 25:16 и 25:17.
ФОТО? Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.



























