Мора да се разговара со Украина за сè што се однесува на Украина, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски и додаде дека се залага за трилатерален состанок со американскиот претседател, Доналд Трамп и претседателот на Русија, Владимир Путин.
По разговорите со Трамп и европските сојузници, тој ја истакна потребата од зголемување на притисокот врз Русија, како и дека на неговиот американски колега му рекол оти „Путин блефира“, кога вели дека не размислува за потенцијалните санкции, пренесува „Ројтерс“.
„Путин се обидува да го зголеми притисокот на сите делови на фронтот во пресрет на состанокот на Аљаска. Се обидува да покаже дека може да ја окупира цела Украина“, наведе Зеленски.
Зеленски додаде дека Трамп го уверил во разговор меѓу нив двајца по состанокот со Путин, како и дека неговиот став за украинските територии не е променет, бидејќи не е променет ниту уставот на Украина.
