Вести Македонија Најважни

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Тројца од осумте амбасадори кои беа повлечени поради автентичнотот толкување на Законот за надворшни работи според кое тие без целосно завршан законска процедура биле упатени како амбасадори, како што дознава Теллма, остануваат да ги извршуваат амбасадорксите позиции во мисиите каде се упатени, но сега како вршители на должност. Како што дознава Телма, амбасадорите во Велика Британија, Катерина Ставреска, Во Бугарија, Агнеза Руси и во Џенк Сјфула во Шведска, чија дожност како амбасадори заврши на 30 април со указ за нивнот отповикување од претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, сепак не се враќаат во земјава, туку протолжуваат да ги извршуваат амбасадорксите функции во Лондон, Софија и Стокхолм.

Од МНР за потврда за одлуката тројца отповикани амбасадори да останат на амбасадорксите позиции, во кои земји и по која законска основа е донесена таа одлука, не одговорија конкретно, туку само дека местата на повлечените амбасадори се пополнети со вршители на должност.

 „Ве информираме дека на сите амбасадори за кои беше утврдено дека се именувани спротивно на одредбите од Законот за надворешни работи, мандатот им е веќе прекинат.

Во согласност со истиот закон, во соодветните дипломатско-конзуларни претставништва се поставени вршители на должност од редот на вработените во Министерството“, се наведува во одговорт на МНР за Телма.

Инаку Ставреска, Сејфула и Руси се кариерни дипломати кои во својата кариера во МНР извршувале високи раководни позиции, па така Ставреска била дректор на Директоратот за НАТО и политичко- безбедносни прашања, Сејфула бил директор на Директоратот за ЕУ, а Руси беше шефица на македонската мисија при ЕУ во Брисел, а беше и дел од тимот кој работеше и на визната либерализација на Македонија со ЕУ во 2009 година.

Според Законот за МНР, односно Член 62, вршител на должност на дипломатско-конзуларно претставништо назначува министерот за надворешни работи, доколку не е именуван шеф на мисијата, Член 66-б од Законот, пак го утврдува начинот на упатување на дипломатот.

„Министерот, за потребите на службата, може да упати дипломат на работа во дипломатско-конзуларно претставништво без објавување на интерен конкурс, но не за период подолг од шест месеци“, се наведува во Членот 66-б.

Начинот на упатување и продолжување на мандатот, како и предвременото враќање на дипломат од дипломатско-конзуларно претставништво се утврдуваат со акт на министерот, се наведува во Законот.

Неофицијално од МНР за Телма брифираат дека отповикувањето на Ставреска, Сејфула и Руси морало да се спроведе поради автентичното толкување на Законот, но оти станува забор за професионалци во својата работа и поради потребите на дипломатијата нивната мисија како амбасадаори е продолжена на шест месеци.

Освне тројцата отповикани амбасадори кои сега остануваат во амбасадите како вршители на должност, како што дознава Телма, како вршители на должност во амбасадите се враќаат и уште две амбасадорки на кои редовно им истече мандатот, а кои исто така се од редот на кариерните дипломати. Како вршител на должност во Советот на Европа во Стразбур, на шест месеци се враќа Светлана Гелева каде во тек меѓу другото тече изборот за Судија во судот за човекови права за каде Македонија треба да испрати листа од три свои кандидати. Во Холанадија како в.д. амбасадор на Македонија се враќа Бети Јачева, каде во јуни треба да се одржи самитот на НАТО.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе