Вести Македонија Најважни

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Распит на сведоци и анализа на прелиминарните вештачња се дел од дејствијата на обвинителите во Скопје и Кочани на помалку од месец и половина до завршување истрагата за пожарот во кабарето Пулс во кој животот го загувбија 62 млади луѓе речиси 200 беа повредени.  Првично обвинителството најави сослушување на над 300 сведоци. Полицијата постапува по наредбите на јавните обвинители вели министерот за внатрешни

Деновиве држвниот обвинител Коцевски изјави дека истрагата нема да се пролонгира што значи втората половина на јуни ќе заврши и ќе се знае кој ќе седне на обвинитела клупа. Коцевски рече дека истрагата е во исклучително важна фаза и не може да сподели подетални информации но уверуваше дека нема селективност.

Независна темелна и неселективна истрага бараат семејствата на жртвите кои неделава преку јавено обракање најавија дека ако не ја добијат правдата во земјава ќе ја бараат пред судот во Стразбур.

А власта и опозицијата се обвинуваат кој е лицемерен а кој солидарен за помош на семејствата на настраданите во пожарот. СДСМ  ја повика ВМРО ДПМНЕ да гласа за Законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани со кој велат се опфатени и семејствата погодени од претходни трагедии – во Тетово, Ласкарци и Беса Транс

Ова се издражни законски решенија. Не за политички поени туку за поддршка на оние на кои им е потребна…Во СДСМ сме спремни да прифатиме и предлози од ВМРО-ДПМНЕ за модификација на законското решение, да постигнеме консензус и да биде заеднички предлог. – велат од СДСМ.

Владеачката партија одговорија дека станува збор  за лицемерие.

Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани, не е ништо друго, освен исмевање на народот во очи. Нема полицемерно од тоа СДС и Филипче да поднесат закон за Кочани, затоа што тоа е исто како да поднесат закон за Модуларната болница во Тетово или за враќање на името. – велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Истрагата за трагедијата во Кочани се води против 59  осомниучени меѓу кои сопственеикот на дискотеката обезбедување,  тројца  поранешните министри за економија Бектеши Незири Кучи, тројца досегашни градоначалници на Кочани Димитровски, Илијев и Папазов и тројца  поранешни диркеотри на ДЗС  Салиу, Џаферовски Максути и актуелниот  Селами, двајца поранешни директори на ДПИ, Трајковски и Симеска Димовска.

Елена Ивановска Муковска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Пакистанците и Индијците слават по одлуката за примирје

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе