Со чистење на околината на Скопскиот аквадукт денеска почнува националната еко акцијата „Генералка викенд“. Во денешната акција беа вклучени повеќе од 200 волонтери. Овој масовен еколошки настан се одржува на ниво на цел Западен Балкан.
Акцијата ќе се спроведува престојниот викенд, а целта е заштита на животната средина. Во акцијата беа вклучени и политички претставници. Претседателката Силјановска Давкова порача дека ваква генералка треба да се прави секој ден во годината. Министерот за животна средина Изет Меџити кажа дека ја поддржува акцијата.
Додека министерката за образование и наука објасни дека во наставните програми за сите одделенија има содржини кои ја подигнуваат свеста за ризиците од загадувањето и создаваат еколошки едуцирани граѓани.