Вести Македонија Топ вести

Мрзливите градоначалници ќе се отповикуваат на референдум

Градоначалник ќе може да се отповика од функцијата во втората и третата година од мандатот, ако граѓаните не се задоволни од неговата работа, доколку гласањето на денешната комисија за локална самоуправа се преслика и на пленарната седница. Мнозинството во комисијата го поддржа предлог-законот на министерството, со кој се предвидува, граѓаните преку референдум да можат еднаш да покренат прашање за доверба на градоначалникот, но не во првата година и во последната година од мандатот. Советот ќе биде должен да распише референдум на барање од најмалку 20% од избирачите во општината.

Одлуката за недоверба на градоначалникот ќе биде донесена доколку за неа гласаат мнозинство од вкупниот број на граѓани кои гласале, доколку гласале повеќе од една третина од вкупниот број на граѓани запишани во Избирачкиот список за соодветната општина. Перински посочи дека овој механизам постои во неколку европски држави и е потврден од Советот на Европа како усогласен со европската повелба за локална самоуправа. Како пример, зошто е потребен овој закон, беше посочен струшкиот градоначалник.

Со законот се предвидува и општините да можат да формираат свои единици за комунален ред и за инспекциски надзор.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе