Вести Свет Топ вести

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Управување и единство на црквата, меѓународна дипломатија, сексуалното злоставување, финансиите на Ватикан, сексуалноста и идентитетот. Ова ќе бидат предизвиците за новиот Папа Лав Четиринаесети, првиот Американец во Светата столица во историјата. Кардиналот Роберт Френсис Превост победи во четвртото гласање, во вториот ден на Конклавата, за избор на 267-ми поглавар на Римокатоличката црква по што го избра и папското име. Вчера ги поздрави илјадниците верници на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“, а денеска ја одржа и првата миса.

„Ме повикавте да го носам тој крст и да бидам благословен во таа мисија. И знам дека можам да се потпрам на секој од вас да оди со мене, додека продолжуваме како црква, како заедница, како пријатели на Исус, како верници, да ја објавиме радосната вест за објавување на Евангелието“, порача папата Лав Четиринаесетти во првата миса по изборот.

Од него се очекува да продолжи со реформите на претходникот, папата Франциск кој почина од мозочен удар на 21 април. Една од клучните задачи ќе биде засилување на единството во црквата, во свет кој сè повеќе е поларизиран, но и внатре во црквата во која постојат големи разлики во погледите и очекувањата. Ќе се соочи со војните кои траат во Украина, на Блискиот исток, во Судан, како и со политички чувствителни прашања како миграцијата, климатската криза, човековите права и верските слободи.

Дел од кардиналите очекуваат, првенствено, да остане свој, а скромноста ја истакнуваат како еден од неговите карактерни адути.

„Што очекувам од него? – Прво што очекувам од него е да биде свој. Скромен човек, кој многу добро ја познава црквата, ја познава латино-американската црква. Тој има силна блискост со сиромашните луѓе, го познава светот, затоа што многу години беше надреден на редот на Августин. Тој е човек со голема култура и молитва“, изјави кардиналот Фернандо Наталио Гомали Гариб, надбискуп на Сантијаго де Чиле.

Папата Лав Четиринаесетти ќе мора да се позанимава и со две главни финансиски теми – општиот надзор и транспарентноста, сфери за кои во време на папата Франциск се остварени исчекори. Но работа сè уште има, како и со големиот дефицит во буџетот на Вакитан кој дополнително се влоши во последната деценија.

Неговиот претходник, папата Франциск ја смени црковната реторика кон прашањата како сексуалноста и идентитетот. Ја осуди дискриминацијата на ЛГБТ заедницата, се сретна со трансродови лица и даде благослов за истополови бракови. Таквите негови ставови наидоа на отпор меѓу традиционалистите, а Лав Четиринаесетти, меѓудругото, ќе биде внимателно следен за своите ставови и на тие теми.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе