Вести Свет Топ вести

Парадата во Москва е „парада на цинизмот и лагата“ за Зеленски – тридневно примирје на украинскиот фронт

Сојузници на победничката страна пред 80 години, непријатели денеска. Русија и западниот свет во различни денови го слават Денот на победата над фашизмот, што резултираше со капитулација на тогашна нацистичка Германија и крај на Втората Светска војна. Москва се подготвува за традиционалната Парада на Црвениот плоштад на 9 мај. Во руската престолнина пристигнаа 29 светски лидери, меѓу кои претседателите на Кина, на Белорусија, на Србија, на Бразил, на Куба, на Египет, словачкиот премиер Роберт Фицо. Крај ВИП ложата, во која ќе има и ветерани од САД, ќе маршира воен контингент од 13 земји

Од утрово на сила во 8 часот е на сила тридневно примирје што го прогласи рускиот претседател Владимир Путин. Украина, пак, која даде осум милиони жртви во Втората светска војна, денеска го слави Денот на победата над фашизмот, со одлука на Врховната рада од 2023 година. Киев не се обврза на прекин на огнот, оценувајќи дека потегот на рускиот претседател Владимир Путин е симболичен и има за цел да создаде лажен впечаток на волја за мир. За претседателот Зеленски, утрешната парада во Москва е парада на цинизмот и лагата.

„За злосторствата на нацистите, утре ќе зборува организаторот на масовните гробници во Буча. А, оние кои ја организираа блокадата на Мариупол, ќе бидат тие кои ќе зборуваат за опсадата на Ленинград. Тоа ќе биде парада на цинизмот. Ова е уште еден доказ за разликата меѓу нас и злото. За нив идол е старецот на Црвениот плоштад кој одзеде животи на милиони луѓе. За нас, хероите меѓу нас се херои. И секој од нас сака да завладее тишина и мир. Ние се бориме за тоа. И ние разбираме што е потребно за ова. Или Русија мора радикално да се промени или светот ќе мора да се промени“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во пресрет на Денот на победата над фашизмот се огласи и американскиот потпретседател Џеј ди Венс. Реагира дека Русија „барала премногу“ во нејзината првична мировна понуда, додека неговата земја се стреми да стави крај на војната во Украина која влезе во четврта година.

„Првата мировна понуда што Русите ја ставија на маса, нашата реакција на неа беше „Барате премногу“. Но, вака се одвиваат преговорите. И не би рекол, сè уште не сум толку песимист во врска со ова. Не би рекол дека Русите се незаинтересирани да го доведат ова прашање до решение. Она што би го рекол е дека Русите во моментов имаат одреден сет на барања, одреден сет на отстапки за да се стави крај на конфликтот. Мислиме дека бараат премногу“, изјави Џеј Ди Венс, потпретседател на САД.

Американскиот потпретседателот не ги образложи условите на Москва, но рече дека не е песимист за можноста за мировен договор. Неговиот коментар доаѓа по масовната размена на напади со дронови меѓу Русија и Украина Претходно американскиот претседател Доналд Трамп рече дека не е многу среќен со моменталната ситуација во односите меѓу Украина и Русија.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Откако ѝ беше одземен синот, мајката Спасеска нема добиено решение кога и како ќе го гледа

Дејан Дејан

Прекинато водоснабдување во Центар

Дејан Дејан

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра фаќа прашина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе