Вести Македонија Топ вести

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра фаќа прашина

Современа медицинска опрема во вредност од 13 милиони евра што е набавена во јавното здравство стои без да се употребува, додека пациентите чекаат термини за компјутерска томографија, мамографија, акцелератори, ангиографи. Дополнително, друга опрема во вредност од 5,5 милиони евра не се користи со полн капацитет, утврдија државните ревизори. Причините ги лоцираат во необезбедени кадровски и просторни услови.

Централизацијата на услугата доведува до преоптовареност на установата и персоналот, што може да влијае на континуитетот и квалитетот на третманот на пациентите, пишуваат ревизорите.

Линеарни акцелератори за вршење радиотераписки услуги за пациенти со малигни заболувања, се набавени за четири други здравствени установи, но до денот на ревизијата, пет не ставени во употреба.

Недоволно се користат и ангиографите, а преоптоварена е Клиниката за кардиологија. Ревизорите констатираат и дека процесот на закажување и евидентирање на услуги со ангиограф не е унифициран, а ЈЗУ не постапиле во целост по задолжението на Министерството за здравство за подобрување на системот за упатување и закажување преку „Мој Термин“.

Слична е ситуацијата и со компјутерските томографи.

„Овие апарати, набавени за обезбедување на подобра територијална распределеност на услугите, не секогаш се користат согласно капацитетот, а два од нив кои се наоѓаат во болниците во Тетово и во Кочани не се ставени во употреба поради технички и кадровски проблеми“, велат од државниот Завод за ревизија.

Годишно се прават околу 180 снимања на Пет скен за рано откривање на малигни заболувања,, но ревизорите укажуваат дека не се користат целосно капацитетите и може да се направат поголем број на снимања.

Утвредени се пропусти во евиденцијата на податоците во „Мој Термин“, односно има помалку прикажани услуги кон Фондот и ненаплатена партиципација од страна на ЈЗУ во износ од најмалку 247.000 евра.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе