Вести Македонија Топ вести

Филипче не ја исклучи можноста за коалиција со ДУИ и со Таравари

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче не ја исклучува можноста за коалиција со ДУИ и со Арбен Таравари на претстојните локални избори.

  • „Ќе разговараме со сите политички партии, меѓутоа принципите на коалиција значат дека коалиционите партнери прво треба да се почитуваат, понатаму да се целосно согласни околу програмите кои ќе ги ветиме на граѓаните, односно да ги имплементираме научените лекции од претходните коалиции кои на некој начин го оштетија имиџот на СДСМ“, изјави Филипче.

Додаде дека неговата партија е „апсолутно подготвена за каков и да е изборен циклус во претстојниот период“, доколку има и предвремени парламентарни избори.

Според него прашање на време е кога целата владина коалиција ќе се распадне, бидејќи очигледно ништо суштински не ги врзува политичките партии во таа коалиција.

  • „Таква коалиција којашто не се темели на никакви вредности и нема никаква идеја и визија како да ја води државата напред, а за тоа сведочиме секој ден, осудена е само на една работа, а тоа е неуспех“, изјави Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе