Црн дим по вторпат денеска излезе од оџакот на Сикстинската капела, што значи дека ниту по двете претпладневни гласа не е избран нов поглавар на Римокатоличката црква. Ниту еден од 133-цата кардинали не доби двотретинско мнозинство на гласови за наследник на папата Франциск кој почина на 21 април од мозочен удар.
Попладнево и вечерва се очекуваат уште две гласања за избор на нов Папа – околу 17:30 и 19:30 часот. Во случај на црн чад, гласањето ќе продолжи утре.
Двајца претходни поглавари на Римокатоличката црква – Бенедикт 16-ти и Франциск беа избраниза време на вториот ден од конклавата, додека папата Јован Павле Втори беше избран третиот ден.