Агенцијата за храна и ветеринарство го затвори стационарот Лана во Струмица. Како што наведуваат во соопштението, инспекторите постапиле по добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните.
Стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство спровела вонреден инспекциски надзор во стационар – прифатилиште за бездомни кучиња во Струмичко и утврдиле низа неправилности во работењето на прифатилиштето во однос на условите и процедурите за сместување и грижа за кучињата, согласно одредбите од Закон за заштита и благосостојба на животните. Неусогласености со надзорот утврдени се и во поглед на инфраструктурните услови на прифатилиштето, начинот и содржината на податоците за водење писмена и електронска евиденција.
Во работењето на се почитувале пропишаните процедури согласно законските и подзаконските акти, начинот на спроведување на тестот за социјализација, како и известувања и комуникација со јавноста во однос на вдомување на бездомни кучиња.
Поради утврдените недоследности од страна на инспекциските служби, издадена е времена забрана за заловување, вршење интервенции и третман на бездомни кучиња, се до исполнување на условите согласно Законот за заштита и благосостојба на животни.