Вести Македонија Топ вести

Георгиевска: Новинарите се заложници на политичарите

Во Топ Тема дебата со Билјана Георгиевска извршна директорка на СЕММ, Зоран Трајчевски директор на АВМУ, Драган Секуловски извршен директор на ЗНМ и Перо Момировски проект координатор во ССНМ за состојбите во јавниот сервис и влијанието на политиката врз работата на новинарите.

„Претходната влада „ќе биде сменет директорот“ е тоа го разбираше како реформа на јавниот сервис“, истакна во Топ Тема Зоран Трајчевски и дополни дека не биле префрлани средствата во целост туку само 30-40%.

Според него првпат пари биле исплатени минатата година со промената на власта и се исплаќало според законот, а не како во периодот од 2017-2024 со скратен буџет.

Драган Секуловски извршен директор на ЗНМ истакна сепак во тој период новинарите чувствувале дека можат да бидат малку повеќе критични. Тој предложи не само за јавниот сервис туку и за приватните медиуми да се воведе подобро развиена дописничка мрежа.

Перо Момировски проект координатор во ССНМ, кажа дека се потреби од технички промени до персонални решенија, бидејќи јавниот сервис може да биде многу подобар.

„Новинарите се заложници на политичарите“, децидна беше Билјана Георгиевска извршна директорка на СЕММ, која рече дека по спроведената директна дебата со новинари и уредници од националниот сервис во одредени редакции уредници учествувале на избори како кандидати па, откако не биле избрани се вратиле на своето уредничко место.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити, Касами и Ибрахими во Владата на средба со Мицковски

Дејан Дејан

Поради нехуман третман на животните АХВ времено го затвори стационарот Лана во Струмица

Дејан Дејан

Георгиевска во Топ Тема: Секој пад секако дека треба да загрижува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе