Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес вети дека ќе им се одмазди на јеменските Хути кои први испалија ракета кон аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, предизвикувајќи краток прекин во воздушниот сообраќај.
„Го погодивме аеродромот Бен Гурион со хиперсонична балистичка ракета која успешно ја погоди целта“, објавија Хутите.
Нетанјаху вети одмазда врз Хутите. „Дејствувавме против нив во минатото и ќе дејствуваме против нив во иднина. Нема да биде еден „бум“, ќе има многу“, рече Нетанјаху пред состанокот на кабинетот за безбедност.
Израелската војска потврди дека ракетата го погодила реонот на аеродромот. Ракетата паднала на само неколку стотини метри од главниот патнички терминал. Војската се обиде да ја пресретне неколку пати.