Премиерот Христијан Мицкоски потсети дека денешниот ден потсетува на тоа колкав голем титан, имал македонскиот народ којшто не само на локално туку и регионално.
„Денешниот ден не потсетува на тоа колкав голем титан, македонскиот народ имал, којшто имал не само локално, би рекол регионално па и пошироко значење. Неговата борба за Македонија, неговата хуманост, неговото дело се безвременски и така и ќе остане за генерациите коишто следат.
Мицкоски потенцира дека оваа генерација политичари во македонската Влада има чест да го пренесе сеќавањето за неговото дело на оние генерации коишто следат, но истовремено и достојно да го чува и негува.
„Кога велам да го чува и да го негува да ја пренесува вистината, онаа вистина каква што вистински се случувала, а невистината којашто за жал некој се обидуваат да ја искриват и во колективната меморија на македонскиот народ“ вели Христијан Мицкоски.
„Во минатото имаше обид за инженеринг за таа вистина да биде поинаква. За среќа тоа е веќе минато, а наша обврска е вистинската вистина да ја пренесеме на идните генерации за овој голем македонски титан Гоце Делчев“ додава премиерот Мицкоски.