Вести Македонија

Филипче: Пораките на Гоце Делчев денес се поактуелни од кога било

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска, по повод 122 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, изјави дека неговите идеи, пораки и вредности се живи и актуелни и после еден век подоцна.

„Фасцинантно е како денеска, повеќе од 1 век од времето во кое живеел и делувал нашиот најголем револуционер, великанот Гоце Делчев, неговите пораки се актуелни,“ изјави Филипче.

Тој потенцираше дека дел од визиите на Делчев денес звучат дури и поактуелно отколку во неговото време, и дека тоа е јасен сигнал дека како општество сè уште имаме многу работа пред себе.

„Тоа е само знак и сигнал дека треба уште многу напорно да работиме, да ги имплементираме сите тие негови пораки од визијата за слободна и независна Македонија.“

Во време на глобална технолошка трансформација, доминација на вештачка интелигенција и социјални медиуми, Филипче повика на враќање кон суштинските вредности што ги промовирал Делчев – единство, заедништво, културен натпревар и градење на национален идентитет преку прогрес, а не преку изолација или пасивност.

„Акo Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација – ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна. Ако кажал дека треба сето да се разбере како поле за културен натпревар на народите, треба да работиме во таа насока – а не младите да го сфаќаат светот како поле за карта во еден правец. Ако кажал дека Македонија е полето каде што ние треба да делуваме, треба сите заедно да сфатиме дека само заеднички можеме да направиме тоа – да ја унапредуваме и надградуваме Македонија, и со човечки капацитет и со вредности.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кандидатот на крајната десница Џорџ Симион води во првиот круг од претседателските избори во Романија

Дејан Дејан

Нетанјаху најави одмазда на Хутитe откако тие испалија ракета кон израелскиот аеродром

Дејан Дејан

Отсечен прст на киднапиран маж од напаѓачи кои барале неговиот син крипто-милионер да плати откуп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе