Демократската унија за интеграција со загриженост реагира на како што ги нарекуваат, континуираните обиди на Христијан Мицкоски да се наметне како тутор на албанската политичка сцена.
Неговата последна изјава – во која јавно сугерира со кого треба да коалицира Арбен Таравари – претставува опасен и неприфатлив обид за ре- конфигурирање на политичката волја на албанските гласачи. Ова е црвена линија што никогаш досега не е премината – и што никогаш нема да биде дозволено да се премине.
Според ДУИ никој, а најмалку Христијан Мицкоски – политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза и национализам – нема ниту морален, ниту политички легитимитет да го дизајнира албанското политичко претставување. Мицкоски го има загубено кредибилитетот да биде долгорочно решение во една мултиетничка држава, велат од ДУИ.