Вести Македонија

АХВ изрече казни за 14 месарници кои пуштиле во промет небезбедна храна

Четиринаесет месарници пуштиле во промет небезбедна храна, а инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство  им изрекоа  казни во вредност од 8350 евра. Недоследностите во работењето кај месарниците се утврдени во рамки на 73 спроведени инспекциски надзори на територија на цела држава на 30 април, при што се уништени 323 килограми небезбедна храна, информираат од АХВ. Кај три месарници се констатирани неправилности во означувањето на производите, а кај ист толкав борј е утврдено дека не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.

„Со спроведените контроли на месарниците во земјава издадени се 23 решенија за отстранување на утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 7 се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производствена и хигиенска пракса, а 4 месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените“, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Ваквите контроли на инспекциските служби потврдуваат дека граѓаните јадат и небезбедна, но скапа храна.  На 30 април заврши мерката за   замрзнати маржи на некои производи. Останува да се види дали по  викендот, од утре потрошувачите ќе се соочат со ново покачување на цените. Властите сметаат дека досегашните мерки ја исполниле целта, па нема да има поскапување на храната. Но доколку тоа се случи, најавуваат дека ќе реагираат соодветно, со нови мерки.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклист загина на патот Дебар – Струга

Дејан Дејан

Лицето кое беше фатено на „Табановце“ вчера сопругата ја усмртил пред нивната петгодишна ќерка

Дејан Дејан

ДУИ: Oбид на Мицкоски да се наметне како тутор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе